ЗА НАС
ПРЕЗЕНТАЦИЈА
нашата цел е да им помогнеме на нашите клиенти да ги остварат своите амбиции
Друштвото за ревизија “BAKER TILLY MAKEDONIJA” ДОО - Скопје е основано на 01.07.1995 год. под името друштво за ревизија ИНФОС Д - ДОО Скопје, како фирма за овозможување услуги на своите клиенти во областа на судски вештачења, сметководство, финансиите и други консалтинг услуги.
Во текот на месец мај 2000 год. Друштвото доби времена дозвола за вршење работи во областа на ревизија на финансиските извештаи, а во 2003 год. и трајна дозвола заведена во Министерство за финансии под бр.07-5813/1
Во текот на месец јуни 2008 год. друштвото ИНФОС Д ДОО е примена за членка на меѓународната компанија за ревизорски, сметководствени и консултантски услуги BAKER TILLY INTERNATIONAL од Лондон, Велика Британија и по склучувањето на договорот за пристапување, беше извршено ребрендирање на името Инфос Д во Бејкер Тили Македонија.
Baker Tilly International e рангирана на 8 место на скалата од топ 10 фирми во светот кои пружаат ревизорски, сметководствени и консалтинг услуги и има мрежа од 138 членови во 104 држави (www.bakertillyinternational.com).
Основна дејност на друштвото е ревизија на финансиски извештаи на средни и големи трговци, банки, друштва за осигурување, други финансиски институции, како и трговци кои составуваат консолидирани финансиски извештаи.
Покрај вршење на работите на ревизија, Бејкер Тили Македонија ги врши и следниве услуги: duе diligence, деловен и менаџмент консалтинг, даночен консалтинг, финансиски консалтинг, консалтинг во усовршување на системот на интерно-сметководствени контроли и на системот на сметководство, консалтинг теми, проценка на претпријатија и судски вештачења.
Содружниците на Бејкер Тили Македонија се носители на сертификати за овластен ревизор. Со сертификатот се стекнале по едукацијата и успешно положените испити во организација на Министерството за финансии на РМ, а во соработка со УСАИД Проект за јакнење на финансискиот сектор во Македонија и Економскиот факултет - Скопје.
Основа за нашата работа претставуваат Меѓународните сметководствени стандарди утврдени од Одборот за Меѓународни сметководствени стандарди (IASB) и Меѓународниот стандард за финансиско известување
Компанијата ги следи принципите на независност, точност и сеопфатност. Почитувањето на овие принципи резултира во целосни и објективни извештаи кои обезбедуваат насоки за нашите клиенти во нивното финансиско и сметководствено работење.
РЕЗИМЕ
Друштвото за ревизија „Baker Tilly Makedonija“:
- е компанија со акумулирано долгогодишно искуство во финансиите и ревизијата во земјата и странство
- гарантира почитување на позитивните законски прописи во Република Македонија
- обезбедува оптимизација на потребните парични средства за вашето работење
- дава поддршка на развојот на вашиот бизнис
ПАРТНЕРИ
1. ДИМИТАР АНДОНОВСКИ, овластен ревизор и партнер сениор на друштвото повеќе…
2. ЉУБИЦА ЈОАНИДИС, овластен ревизор и менаџер на друштвото, повеќе…
РЕВИЗОРИ
1. Елена Јошевска, повеќе…
2. Кирил Андоновски, повеќе…
АСИСТЕНТИ РЕВИЗОРИ
1. Маја Марковска, повеќе…
2. Маја Андоновска, повеќе…
3. Добрица Трајковиќ, повеќе…
СПЕЦИЈАЛИСТИ:
1. Дипл.арх. МАРИЈА ВЕЉАНОВА (Градежни проценки, елаборати)
2. Дипл.инг. ДИМИТАР ДАСКАЛОВСКИ (Електро машинство)
3. Дипл.агр. БРАНКО МИЦЕВСКИ (Земјоделство)
4. Адвокат. АЛЕКСАНДАР ЈОАНИДИС (право)
5. Дипл. Инг. ЉУБОМИР ВАСИЛЕВСКИ (машинство)

