РЕВИЗИЈА
водечки национален провајдер на сметководствени и бизнис услуги
Во Законот за трговски друштва (ЗТД) кои стапи во сила на 08.05. 2004 год. конечно и во Македонија, ревизијата добива место кое таа го има во современите пазарни стопанства. Во услови на типични пазарни стопанства , каде што во најголем дел има состојба на одвојување на сопственоста над друштвата од управувањето со друштвата како резултат на се поголемото движење на капиталот кое ги надминува и националните граници, единствен начин за контрола на располагањето и оплодувањето на капиталот е ревизијата на финанасиските извештаи. Со ревизијата се зголемува употребната вредност на финансиските извештаи, и истите даваат поголема сигурност за актуелните и потенцијалните инвеститори, банките и другите корисници на финансиските извештаи.
Кој може да врши ревизија согласно ЗТД?
Во ЗТД, уште во член 3, каде што се објаснуваат употребените термини, е решена дилемата кој може да врши ревизизорски работи, а тоа е лице (овластен ревизор) кое врши ревизија согласно Законот за ревизија. Во член.3 од Законот за ревизија децидно е кажано дека:
Ревизија врши друштво за ревизија.
Ревизија може да врши домашно и странско правно лице за ревизија под услов да е регистрирано за вршење на таква дејност во Република Македонија, согласно овој закон и Законот за трговските друштва.
Друштвото за ревизија Baker Tilly Makedonija ревизијата ја врши согласно Меѓународните стандарди за ревизија при што се придржува на Кодексот на етика на професионални сметководители на IFAC, Законот за ревизија и ЗТД.
Друштвото за ревизија Baker Tilly Makedonija ги врши следниве типови на ревизии:
1) Ревизија на годишни сметки и финансиски извештаи
2) Ревизија на консолидирана годишна сметка и консолидираните финансиски извештаи.
3) Посебна ревизија на барање на содружници
4) Ревизија при основање на акционерски друштва
5) Ревизија при зголемување на основната главнина на друштвата со ограничена одговорност од резервите
6) Ревизија во постапка на зголемување на основната главнина на акционерските друштва од средствата на друштвата
7) Ревизија на спогодбата и планот за поделбата на трговските друштва
Бонитет Baker Tilly Makedonija
Уверение за овалстен ревизор
Освен ревизиите задолжителни по ЗТД, ревизии може да се побараат и по други законски и подзаконски акти. Така на пример за да добијат лицена за настап во натпревари во организација на УЕФА, фудбалските клубови, од лиценцната комисија при ФФМ се обврзани да направат ревизија и тоа една класична ревизија на финансиските извештаи и ревизија според МРС 4400 , во кои ревизорот треба да даде мислење дали клубот ги задоволува пооделни строги барања на УЕФА.
Друштвото за ревизија Baker Tilly Makedonija забележителен успех покажува и при ревизиите на проекти финансирани од Европската банка за обнова и развој како и од други европски финансиски институции.
Со оглед дека ревизијата на финансиските извештаи на средните и големи трговци е задолжителна обврска согласно Законот на трговски друштва, кај повеќето од друштвата тоа се разбира и како непотребен трошок . Од тие причини нашето ревизорско друштво настојува, освен како трошок, ревизорските услуги да се разберат и како корисно средство со кое би се откриле и исправиле некои неправилности во сметководствениот систем, а исто така стоиме на располагање и во текот на целата година за бесплатни косултантски услуги. Со ваков пристап, оваа година кај нашите клиенти откривме доста неправилности кои за даночни цели би предизвикале штетни последици во иднина.
КЛИЕНТИ НА ДРУШТВОТО РЕВИЗИЈА Baker Tilly Makedonija распределени по дејности:
| ДЕЈНОСТ | КЛИЕНТИ БРОЈ |
| 1. БАНКИ И ШТЕДИЛНИЦИ | 3 |
| 2. ЗЕМЈОДЕЛСКИ КОМБИНАТИ | 4 |
| 3. РУДАРСКО ИНДУСТРИСКИ КОМБИНАТИ | 2 |
| 4. РАДИОДИФУЗИЈА | 2 |
| 5. УСЛУГИ | 5 |
| 6. ПРОИЗВОДСТВО | 4 |
| 7. ИГРИ НА СРЕЌА | 2 |
| 8. ТЕКСТИЛНА ИНДУСТРИЈА | 2 |
| 9. ИНФОРМАТИКА | 2 |
| 10. ГРАДЕЖНИШТВО | 2 |
| 11. ТУРИЗАМ | 1 |
| 12. ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ | 4 |
| 13. ГРАФИЧКА ДЕЈНОСТ | 2 |
| 14. СПОРТ | 4 |
| 15. ТРГОВИЈА СО НАФТА И ДЕРИВАТИ | 1 |
| ВКУПНО | 40 |






